fbpx

Двајца албански морнари загинаа на траектот кај Крф

-

Двајца албански морнари загинаа за време на спасувачката акција на траектот што се запали во близина на грчкиот остров Крф.

Портпаролот на полицијата во албанскиот град Валона, Дионис Дуљај, соопшти дека двајцата морнари ги удрила сајла додека се обидувале да ја закачат за траектот.

Обвинителството во италијанскиот град Бари покрена истрага, која треба да ја утврди причината за пожарот на траектот. Обвинителството ќе испита дали невнимание е причина за несреќата, а италијанскиот сопственик на бродот тврди дека пловниот објект бил целосно исправен и оти на 19 декември го поминал техничкиот преглед, вклучувајќи ги и излезите во случај на опасност.

Грчкиот траект под италијанско знаме пловел од Патрас до Анкона со 478 патници и членови на екипажот и со повеќе од 200 возила, кога во неделата се запали во близина на Крф. Во несреќата загинаа 10 лица, а околу 40 се водат за исчезнати, додека останатите се спасени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...