Двајца малолетници признале дека испратиле лажни дојави за бомби на 19 и 21 февруари

Претходно оваа година, на 7 февруари, стотици лажни дојави за бомби стигнаа до повеќе основни и средни училишта низ целата држава. За овие случаи МВР нема соопштено дали се откриени сторителите

-

Полицијата денеска извести дека повикала на разговор двајца 14-годишни малолетници кои ги сомничи за лажни закани за бомби испратени пред една недела до две училишта во Скопје, едно основно и едно средно.

И покрај тоа, од МВР не соопштија дали откриле кој ги испратил стотиците дојави за лажни бомби до училиштата низ државата на 7 февруари годинава.

Од таму најавија дека двајцата малолетници ги повикале на разговор во полициска станица Чаир на 25.02 и откако овие признале дека го сториле делото, полицијата решила да ги пријави до Основното јавно обвинителство.

„Пријавените малолетни лица на 19.02.2025, од мобилниот телефон на едниот малолетник испратиле мејл со заканувачка содржина за поставена бомба во две училишта (едно основно и едно средно) во Скопје, а на 21.02.2025 од мобилниот телефон на другиот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба за поставена бомба во две училишта ( едно основно и едно средно) во Скопје“, соопшти МВР.

Претходно оваа година, на 7 февруари, стотици лажни дојави за бомби стигнаа до повеќе основни и средни училишта низ целата држава. За овие случаи МВР нема соопштено дали се откриени сторителите.

Во одговор до Мета испратен на 12 февруари, МВР посочи дека лажните дојави од 7 февруари се испратени на старите мејлови на училиштата додека новите мејлови поради технички причини не биле во функција.

Исто така, најавија дека единицата за против тероризам сè уште презема мерки и активности во насока на откривање на испраќачите на лажните дојави.

Пред две години, кога со месеци стигнуваа лажни дојави не само до училиштата туку и до други институции, јавни и приватни објекти, хотели, МВР во соработка со меѓународни партнери, усвои нов протокол. Според овој протокол јавноста повеќе не требаше да биде информирана за тоа дали има дојави за подметнати експлозивни направи во основните и во средните училишта, но и во останатите објекти во земјава, освен ако за тоа не одлучат стручните лица.

Целта беше паниката и нервозата во јавноста да се сведат на минимум, а секојдневието на учениците, наставниот кадар и на родителите да биде без непотребни стресови.

Има уште еден протокол кој се смета за доверлив, а кој исто така требаше да се применува од пред две години. Според тогашните сведочења на образовниот кадар во училиштата, полицијата требаше да прави проверки пред почетокот на наставата, во објектите не смееше да се влезе без најава, приватното обезбедување ги проверува надворешните лица и при влез и при излез од училиштето, а камерите требаше да бидат постојано вклучени.

На прашање од Мета во врска со протоколите испратено по имејл, од МВР потврдија дека во март 2023 година се извршени измени во Упатството за постапките и мерките што ги презема МВР по добиени дојави за терористички загрозувања.

Додаваа тогаш се конкретизирани и дефинирани начините на постапување и мерките и активностите што се преземаат по добиени дојави за поставено опасно средство или направа преку електронски систем или на друг начин. Како што велат, тоа се преави преку пополнување на прашалник и алгоритам за утврдување на интензитетот на ризик по добиените дојави за поставено опасно средство или направа.

„Причината за измените беа со единствена цел да припадниците на МВР на РМ во своите мерки и активности бидат поефикасни и поекспедитивни со тоа што чувството на страв и несигурност во јавноста се сведе на минимум, како и непречено одвивање на наставниот процес со што испраќачите на лажните дојави не успеат да ја остварат нивната цел“, велат од МВР.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...