Двајца браќа осомничени за убиство и обид за убиство на подмолен начин на татко и син

Едниот од обвинетите извадил пиштол и пукал кон жртвите, при што таткото починал од здобиените огнострелни повреди, додека синот преживеал со тешки телесни повреди

-

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против двајца браќа, на возраст од 23 и 31 година, кои се товарат за убиство и за обид за убиство на подмолен начин. Според обвинението, на 1 ноември 2024 година, во Арачиново, тие со умисла пукале кон татко и син со кои претходно се договориле да се сретнат заради долг од 7.000 евра.

Едниот од обвинетите извадил пиштол и пукал кон жртвите, при што таткото починал од здобиените огнострелни повреди, додека синот преживеал со тешки телесни повреди.

Обвинителството достави и предлог до Основниот кривичен суд Скопје за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети, наведувајќи дека сè уште постојат законски основи за нивно задржување.

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Жерар Депардје е прогласен за виновен за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година, пренесе „Гардијан“. Познатиот актер од Франција, 76 годишниот Депардје, кој има...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Жерар Депардје е прогласен за виновен за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година, пренесе „Гардијан“. Познатиот актер од Франција, 76 годишниот Депардје,...