fbpx

Дваесет години од возобновувањето на монашкото братство во Бигорскиот манастир

-

Празнувањето на 20-годишниот јубилеј од возобновувањето на монашкото братство во Бигорскиот манастир ќе почне в четврток, на 10 септември, во 18.30 часот, со вечерна богослужба, при што двајца членови од свештеното братство ќе добијат монашки чин. По вечерната богослужба следува свечена програма, на која ќе се промовиран јубилејниот зборник „Бигорски манастир – 20 години возобновено монаштво“.

Следниот ден, петок, 11 септември, во 9 часот, по повод патрониот празник на Манастирот, Свети Јован Крстител, кај народот познат како Бигорски манастир, ќе почне светата архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан, во сослужение со уште тројца архијереи.

Во текот на светата литургија, двајца членови од бигорското братство ќе бидат ракоположени во свештенички и со ѓаконски чин. Од светилиштето го повикуваат сите верници да го збогатат овој настан со нивно присуство.

Според бигорскиот поменик, манастирот го основал монахот Јован во 1020 година, а во 16 век манастирот бил разурнат од Турците, и останала само една мала црква. Од помениците, исто така, се дознава за обновувањето на манастирот во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион, кој е и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Манастирот „Св.Јован Бигорски“ надалеку е познат по својот иконостас. Него го правеле мајсторските раце на тајфата на Петре Филипов-Гарката од селото Гари, неговиот брат Марко, Макрариј Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со синовите Васил и Филип од родот Филиповци од Осој. Тие за шест години во периодот од 1829 до 1835 година успеале да создадат врвното уметничко копаничарско дело.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...