fbpx

Два државни универзитета ќе го мерат загадувањето во Скопје и во Тетово

-

Најдоцна за една година ќе се знае што точно содржи амбиенталниот воздух во Скопје и во Тетово, вклучувајќи ја и загаденоста со ПМ-честичките. Државните универзитети од Штип и од Тетово од Министерството за заштита на животната средина добија пари за мерењата. Научните тимови ќе постават опрема на неколку места со наијзразено загадување во двата града. Денеска во Штип беше потпишан договор за кофинансирање меѓу Министерството и Универзитетот „Гоце Делчев“.

Проректорот за наука на Унивезитетот „Гоце Дечев“ од Штип и шеф на катедрата за животна средина на Природно-техничкиот факултет, Дејан Мираковски, објасни дека мерењата ќе покажат колкава е вистинската изложеност на населението на загадувањето.

– На пример, население кое се движи со јавен градски превоз, население кое се движи со сопствени моторни возила, потоа тие што користат и велосипеди или пеш, значи нивната експонираност на амбиенталните честички. Овие мерења ќе бидат долготрајни и ќе се спроведат на големи групи од населението, што ќе ни овозможи да видиме дали, а што и најчесто е случај, постои голема разлика меѓу амбиенталните концентарции и на концентрациите на кои се изложени луѓето. Благодарение на нашиот начин на живот, не секогаш ги следиме концентрациите на цврсти честички и не мора ако надвор е многу загадено, тоа да влијае и на населението. Ние сакаме повеќе со овој проект да му овозможиме на Министерството да донесува мерки во правец на непосредна заштита на населението во услови на зголемена загаденост – вели Мираковски.

Со 2,5 милиони денари, Министерството ќе ги финансира проектите „Персонална експозиција на респирабилни честички на урбаната популација во Скопје и во Тетово“ и „Мониторинг и мапирање на нивото на бучава во урбаните средини“.

– Денеска е потпишан договор со кој ќе се врши мерење на ПМ-чистичките за градовите Скопје и Тетово. Вие знаете дека последните месеци, последната година, неколку градови во земјава беа со голем индекс на загадување. Ние имаме некои други анализи, но овие анализи ќе придонесат многу околу понатамошните постапки што државата, локалните власти и сите ние ќе треба да ги преземеме – рече Изаири, кој најави дека ќе се прошири листата на мерни станици во Македонија.

Универзитетот планира да постави и десетина мерни станици во југоисточниот регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...