Полициски службеници од СВР Куманово вчера вечер го лишиле од слобода 35-годишниот Д.П. од Куманово, под сомнение дека противправно држел и малтретирал свој 36-годишен познаник.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот во периодот од 23 часот на 29 мај до 7 часот на 31 мај, со употреба на сила и без согласност на оштетениот, го држел во својот дом.
Во пријавата се наведува дека за време на двата дена повеќепати физички го нападнал, го принудувал на орални сексуални дејства и го терал да користи дрога.
При приведувањето на осомничениот, полицијата пронашла и одзела марихуана, мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со случајот.
Од МВР информираат дека лицето е задржано во полициска станица и дека по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
