fbpx

Два часа протестираа дел од вработените во државната администрација, бараат усогласување на платите

-

Во периодот од 10 до 12 часот денеска, околу 13.000 вработени во државната администрација во земјава не работеа, туку протестираа пред институциите. Тие бараат ниту една плата да не биде под минималната плата од 18.000 денари, а бараат да се усогласат останатите плати.

Протестирачите велат дека минималната и просечната плата во земјава растеле, но тие во изминатите десет години, не добиле речиси ништо.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека јавниот сектор има 138 илјади вработени.

„Тие ги добиваат платите благодарение на даноците кои ги плаќа приватниот сектор. Тоа не треба да е причина да се прават протести“, рече Ковачевски.

Протестот продолжува и утре.

Инаку, минималната плата од 2016 година наваму порасна двојно повеќе, од 9.000 на 18.000 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...