fbpx

Двајцата странци кои утрово беа тестирани, немаат корона вирус

-

Министерството за здравство информира дека се негативни тестовите на двајцата странци, едниот државјанин на Сингапур, другиот на Австралија, кои од 28 февруари престојуваат во Скопје.

„Денеска по пријава на хотелот, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје – Скопје од пациентите земаа брисеви за тестирање во нивната хотелска соба, каде тие останаа до добивањето на резултатите. Тие денеска ќе бидат упатени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за третман соодветен на дијагнозата,“ се вели во соопштението.

Од Министерство за здравство информираат дека во денеска бил направен и контролен тест на единствената заболена пациентка од корона вирус и нејзината ќерка, со која таа е во контакт и двете се во изолација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

„Тестот на пациентката е негативен на корона вирус, што значи дека опаѓа нејзината инфективност, но согласно процедурата, тој ќе биде повторен по 48 часа. На корона е негативна и нејзината ќерка,“ се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...