fbpx

Двајца приведени во полиција по наводниот обид за киднапирање на дете на пратеник од Кочани

-

Полицијата не даде директна потврда на шпекулациите во јавноста дека двајца непознати се обиделе да го киднапираат седумгодишното дете на пратеникот Сашко Костов од Кочани. Меѓутоа, по неколку часа од барањето на новинарите да го разјаснат овој случај, СВР Штип соопшти дека има приведени за вознемирување на луѓе.

По претходно добиена пријава за случајот за кој прашувате превземени се мерки и случајот е расчистен односно приведени се две лица. Констатирано е дека M.Ѓ.(18) и и И.Ј.(18) со патничко возило „БМВ“, управувано од М. Ѓ., се движеле низ улиците по градот и вознемирувале граѓани. Лицата се приведени во Полициска станица Кочани, а за случајот е известен Јавен обвинител. По комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – соопштуваат од СВР Штип.

Во дел од медиумите беа пренесени шпекулации дека во средата на излегување од училиште, детето на пратеникот Сашко Костов од СДСМ од Кочани, било сопрено од двјаца во автомобил на минување и му било наложено да влезе во возилото. Само брзата интервенција на дедото на детето, кој дошол да го земе, ги спречил двајцата во намерата.

Пратеникот Костов денеска не одговори на нашите телефонски повици. Остана непотврдено дали навистина се работи за киднапирање и дали се точни шпекулациите дека ова е настан инициран од незадоволството на неговите сопартијци и е продолжение на се’ уште нерасветлениот случај со запалените возила на поранешниот лидер на штипските социјалдемократи, Никола Тушев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...