fbpx

Душко Арсовски го заврши ангажманот како владин портпарол

Одлуката е донесена на сопствено барање на Душко Арсовски, а тој ќе продолжи со друг предизвик во својата професионална кариера

-

Душко Арсовски денеска го заврши својот ангажман како портпарол на Владата на РСМ. Премиерот Димитар Ковачевски му се заблагодари од негово име и од името на владата, соопштувајќи дека одлуката е донесена на сопствено барање на Арсовски и дека тој ќе продолжи со друг предизвик во својата професионална кариера.

„Можам да се заблагодарам и на медиумите за соработката и на владата за довербата во изминатиот период“, изјави Душко Арсовски.

Премиерот Ковачевски рече дека верува дека голема благодарност ќе упатат и медиумите.

„Со нив тој комуницираше 2,5 години на врвно професионално ниво и практично тој беше дел од процесот во кој Владата како институиција беше оценета како најтранспаретна со 100 отсто транспаретност. Душко ти благодарам и ти посакувам многу лични и професионални успеси во понатамошната кариера“, рече Ковачевски.

Арсовски беше именуван за портпарол на Владата на 13 октомври 2020 година на владина седница, откако претходно голем дел од својата дваесетгодишна кариера ја помина како новинар и уредник во Македонската радио-телевизија (МРТ).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...