Во текот на изминатото деноноќие, МВР утврдило 75 случаи на прекршување на забраната за движење, при што 59 лица биле приведени, а останатите биле евидентирани и против нив ќе бидат преземени пропишани мерки.
Во истиот временски период, на 102 лица им се издадени решенија за изолација, а 15 лица потпишале изјави за самоизолација.
Полицајци извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.