fbpx

Дури 61 отсто од децата од 3 до 6 години не одат во градинка

-

Новиот глобален извештај на УНИЦЕФ нагласува дека 176 милиони деца на предучилишна возраст не посетуваат предучилишно образование и повикува владите од целиот свет да ги зголемат инвестициите за да обезбедат најдобар почеток во животот за секое дете. Кај нас скоро 41.000 деца – околу 61 отсто од децата на предучилишна возраст (од 3 до 6 години) – не посетуваат предучилишно образование.

– Предучилишното образование е образовна основа за децата – секоја фаза во образованието што следи се потпира на успехот од оваа фаза. Сепак, многу деца во светот се лишени од оваа можност. Во последните неколку години Северна Македонија постигна напредок во обезбедување подобар пристап на децата до предучилишно образование, но сепак опфатот е и понатаму низок и бара континуирано инвестирање за секое дете да добие најдобар можен поттик за да успее во животот и во глобализираната економија – вели претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс.

Глобалниот извештај нагласува дека децата кои посетуваат предучилишно образование имаат двојно поголема веројатност да ги совладаат вештините на почетно читање и сметање во споредба со децата кои ги испуштиле раните фази на образованието. Во земји каде што поголем број деца посетуваат програми за предучилишна возраст, значително поголем број деца завршуваат основно училиште и по завршувањето имаат базични компетенции за читање и математика. И други студии го потврдуваат ова, како што се меѓународните тестови меѓу кои е Програмата за меѓународно оценување на постигањата на учениците (PISA) која покажува дека децата од нашата земја кои посетувале предучилишно образование, имаат подобри резултати од оние коишто не посетувале.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...