Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во изминатово деноноќие од ковид-19 починало 51 лице, што е нов рекорден број на граѓаните што ја изгубиле битката од оваа болест во рамките на 24 часа. Меѓу овие лица, педесет пациенти се починат болнички услови, а еден пациент е починат дома. Со ова, вкупниот број на починати лица од ковид-19 од почетокот на пандемијата се искачи на 4.072.

Меѓу починатите лица во изминатово деноноќие, 20 се од Скопје (87г , 81г , 80г , 80г , 79г ,79г, 76г , 73г , 71г , 69г, 68г, 68г, 62г, 62г 60г, 56г, 55г, 53г, 51г, 47г ), по 5 починати пациенти има од Прилеп (84г, 82г, 77г, 72г, 72г) и Струмица (84г, 81г, 77г, 76г, 70), по 3 починати пациенти има од Куманово (52г, 52г, 32г) и Кочани (63г, 61г, 46г), по 2 починати пациенти има од Тетово (69г и 55г), Гостивар (83г, 57г), Кавадарци (77г и 74г) и Охрид (77г и 66г), и по 1 починат пациент од Битола (73г), Неготино (68г), Гевгелија (76г), Радовиш (77г), Делчево (79г), Виница (74г) и Валандово (58г).

Во последните 24 часа се направени 4.438 тестирања, а регистрирани се 1.302 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 523, Битола – 119, Куманово – 87, Прилеп – 55, Охрид – 54, Тетово – 51, Велес – 47, Гостивар – 38, Штип- 34, Кочани – 31, Кавадарци – 30, Берово – 27, Струмица и Кичево по – 25, Гевгелија – 24, Струга – 22, Неготино – 17, Ресен -14, Дебар – 11, Свети Николе и Радовиш по -10, Пробиштип – 8, Крива Паланка и Валандово по – 7, Делчево и Виница по – 5, Македонски Брод – 4, Демир Хисар – 3, Крушево, Богданци, Демир Капија и Дојран по – 2, Кратово – 1.

Регистрирани се 626 оздравени пациенти од: Скопје – 312, Прилеп – 77, Велес – 33, Куманово – 31, Гостивар – 26, Битола – 22, Кавадарци – 19, Тетово – 18, Штип – 15, Неготино и Гевгелија по – 12, Кочани – 9, Струмиица – 7, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Демир Капија по – 4, Богданци – 3, Кичево, Свети Николе, Берово, Крушево и Демир Хисар по – 2, Делчево, Ресен, Виница и Кратово по – 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 137.728. Во моментов, бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава изнесува 21.891. Од нив, во најголем број се од Скопје, вкупно 10.838 активни случаи.