fbpx

Дураки: Не секој добива концесии за мали ХЕЦ, пазиме на биодиверзитетот во заштитените подрачја

-

На заминување од хотелот Александар Палас каде ја отвори и се обрати на Конференцијата за биолошката разновидност по повод 22 мај – Светскиот ден на биодиверзитетот, министерот Садула Дураки, на инсистирање на „Мета“ да одговори на прашањето дали тоа што МЖСПП дозволува мали хидроцентрали на места како Националниот парк „Маврово“ е придонес за зачувување на биодиверзитетот во тоа строго заштитено подрачје, Дураки ни рече “одговорот на тоа прашање ќе го добиете дополнително“ и не упати писмено да го поставиме прашањето и да почекаме да ни биде одговорено.

Но, веднаш потоа се премисли.

– Не, не, почекајте, момент. Треба да сте свесни дека не сите добиле можност да градат хидроцентрали. Треба да знаете дека иницијативите доаѓаат од приватниот сектор, иницијативите се приватни, значи и Министерството доби повеќе од 58 иницијативи, имаше комисија која правеше елиминација на основ на тоа кој ги исполнува критериумите и досега се стигнати 22 архивски броеви. Од овие 22 кои беа во потесниот избор,  елиминирани се 4 кои не ги исполнуваат условите, рече Дураки.

– Со тоа се трудиме да го задржиме биодиверзитетот и разновидноста во тие средини – рече на крајот Дураки.

Во ноември минатата година, во својата резолуција за Македонија 2145, Европскиот парламент потенцираше дека националната стратегија за хидроенергија треба да се гради во склад со ЕУ еколошка легислатива и нотираше дека бројни инфраструктурни проекти во земјава се градат во заштитените подрачја што во иднина треба да бидат дел од мрежата ФУТУРА 2000 на заштитени подрачја во ЕУ и повика на почитување на одредбите на Бернската конвенција преку суспендирање на ваквите проекти во рамките на НП „Маврово“ се додека не биде завршен процесот на репрогласување.

Прд да замине, новинарите успејаа да му постават и прашање дали смета дека ќе биде дел од „метлата“ на премиерот Заев, кој денес најави скорешна реконструкција.

– Кој ќе остане дел од владата и кој ќе биде дел од „метлата“ во однос на функционерите на ДУИ одлучува лидерот Али Ахмети и ако бидам дел од тоа секоја промена ке биде во насока на подобрување на работата – изјави Дураки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...