fbpx

Дупките во цевките трошат најголем дел од водата за пиење во Македонија (инфографик)

-

Одредени делови од Македонија ќе се соочат со недостиг на вода за пиење, доколку во наредниот период не се одвојат позначителни средства за реконструкција и надградба на водоводните системи низ општините. Актуелните податоци покажуваат дека најголем потрошувач на вода за пиење во национално ниво е токму неприходуваната вода, во која што категорија спаѓаат физичките губитоци од дупките во водоводните цевки, крадењето вода и неточностите во мерењето на потрошената вода кај корисниците.


Во минатогодишниот Извештај на Светската банка за одржливоста на испораката на општински услуги и финансирањето на нивната инфраструктура се наведува дека дури 61 отсто од вкупно произведената вода за пиење на национално ниво е неприходувана. Гледано по општини, процентот на неприходувана вода се движел во границата од 32 до 78 отсто во 2018 година, покажува Годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Ако се земат пак во предвид податоците на Државниот завод за статистика, фрапантни 140 милиони метри кубни вода во текот на 2018 година се изгубиле на патот од нејзиното зафаќање во природата до испорачувањето на крајните потрошувачи. Дека станува збор за огромни губитоци на вода на национално ниво, доволно е да се спомене дека ваквата бројка е еквивалентна на целата вода за пиење што ја произведува ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за потребите на главниот град за период од една и пол година.

Во 2013 година е изработена студија на Светската банка за развојот на водниот сектор во Македонија. Уште тогаш, експертите порачале дека до 2020 година ќе се почувствуваат првите ефекти од климатските промени врз снабдувањето со вода низ општините. Во наредните три децении, количеството на врнежи ќе се намалува, волуменот на вода во реките ќе опаѓа, а температурите во воздухот ќе растат.

Единствен начин за да се обезбедат неопходните количества на вода за пиење за сите е да се намалат постојните загуби на вода, со кои се расфрламе како граѓани или пак тие се губат низ водоводните системи на македонските општини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...