Дума со награда за најдобра режија за „Сестри“ на фестивал во Белград

Фото: Фејсбук профил на Лист Продукција

Македонскиот филм „Сестри“ се здоби со уште една награда откако жирито на престижниот меѓународен филмски фестивал „FEST“ во Белград ѝ ја додели наградата за најдобра режија на режисерката Дина Дума.

При доделувањето на наградата на Дума ѝ беа доделени и зборовите „Вештина за лидерство и насочување на млади актери и фантасично раскажување на одредена приакзна преку објектив на камера.“

„Филмот успешно ја раскажа приказната за една од најважните друштвени теми во нашето време и со тоа иницираше на дијалог.“, рекоја од организацијата на фестивалот.

Дина за време на примањето на наградата рече дека оваа награда има посебно значење за неа од причина што идејата за филмот била „зачната“ токму за време на овој фестивал пред четири години кога таа соработувала во рамките на програмата FEST Forward.

„Овој филм настана како резултат на мојата соработка во една од програмите на овој фестивал и навистина ми е мило што денес сум тука после четири години да ја примим оваа награда“, истакна младата режисерка.

Инаку филмот досега постигна низа успеси, започнувајќи со Специјалната награда на жириот на фестивалот во Карлови Вари, тој беше годинешниот македонски кандидат за Оскар и стана првиот македонски филм достапен на една од најголемите платформи за филмови и серии, „Нетфликс“. Главните улоги ги толкуваат младите актерки Антонија Белазелкоска и Миа Жиро, а филмот е во дистрибуција на Лист Продукција.

Во категоријата за најдобар филм на годинешното издание на фестивалот победи психолошката драма „Нитрам“, додека признанието за најдобро сценарио го доби филмот „The Accusation“ на Иван Атал и Јаел Лангман базирано на истоимената новела на Карин Туил.

Големиот меѓународен фестивал за филм прв пат се одржал во 1971 година под слоганот „Храбар нов свет“. На првото издание биле прикажани филмовите „A space Oddesay“ од Стенли Кјубрик, „Easy Rider“ на Денис Хопер и други филмови од квалитетната кинематографија. До денес фестивалот ја продолжува својата оригинална форма на прикажување домашни и светски филмови во првата четвртина од секоја нова година со што прераснува во еден од најзначајните европски филмски фестивали.