Оценката на ДУИ е дека изборите беа демократски, а граѓаните слободно ја изразија својата волја, изјави шефот на изборниот штаб на партијата, Арбер Адеми, по затворањето на гласачките места во 19 часот.
– Владата на Македонија покажа капацитет за организирање на демократски избори. Гласањето веќе е завршено и процесот на броење на гласовите е почнат – рече Адеми и додаде дека кога партијата ќе ги има првите резултати, ќе ги сподели со јавноста.