Очекуваме дека кадрите на ДУИ и по локалните избори ќе раководат со општините во кои и денес се власт, изјави денеска во Собранието, Реџаил Исмаили од ДУИ.

Тој додаде дека во партијата ги направиле сите неопходни подготовки за локалните избори во октомври.

Исмаили очекува претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ги распише изборите на 6 август за тие да се одржат на 15 октомври.

Од Движењето Беса и од Алијансата за Албанците исто така сметаат дека изборите треба да бидат одржани во октомври и дека нема причина за нивно одложување.

Џафери најави дека локалните избори ќе бидат распишани на 6 август, кога е краен рок, за да почнат да течат подготовките.