ДУИ: Ја почитуваме одлуката од Стејт Департментот

„Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите  Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста“, се вели во краткото писмено соопштение на ДУИ

-

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска соопшти дека ја почитува одлуката на Стејт департментот на САД во врска со одлуката за ставањето на нивниот функционер Артан Груби на американската „црна листа“.

„Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите  Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста“, се вели во краткото писмено соопштение од ДУИ.

Поранешниот прв вицепремиер и висок функционер на ДУИ, Артан Груби заедно со судијата на Апелациониот суд Енвер Беџети се најновите имиња од Северна Македонија кои се најдоа на црната листа на САД.

На листата заедно со Груби се назначени и членовите на неговото потесно семејство.

Американската амбасадорка Ангела Агелер вчера напиша дека сместувањето на Артан Груби и Енвер Беџети на листата е доказ дека политичкото мешање во судството не може и нема да се толерира.

„Соединетите Држави ќе продолжат да ги именуваат оние кои се впуштаат во значителна корупција што ги поткопува демократските институции и ја нагризува довербата на јавноста. Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок“, напиша Агелер.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...