fbpx

Дубаи создава снег и снешко за Божик

-

Топлиот Дубаи годинава одлучи да им поклони снежен Божик на своите жители, барем во еден дел од земјата. Компанијата за недвижности „Клајндинст груп“ одлучи на вештачкиот архипелаг „Срцето на Европа“ да создаде вештачки снег за време на Божик, иако надворешната температура во најстудената зима изнесува 13 Целзиусови степени.

Компанијата на почетокот од годинава најави дека на улиците на островот ќе направи снег, поставувајќи специјални машини за снег на деловите што се направени според познати европски земји, како, на пример, Австрија, Германија, Шведска, Санкт Петербург и Монако.

Директорот на компанијата, Џозеф Клајндинст, соопшти дека улиците ќе бидат разладувани со посебни подземни цевки кои ќе го спречат топењето на снегот кога ќе падне на земја. Откако ќе се стопи, посебен подземен механизам ќе ја собира водата и потоа ќе ја користи за повторно создавање снег.

Научниците од Институтот „Франхофер“ од Германија веруваат дека системот ќе овозможи да се постигне температура од 27 Целзиусови степени, дури и во летниот период, која е идеалната надворешна температура во Европа.

– Ако базените на отворено можат да се загреат зиме, тогаш зошто не би можело надворешната средина да се излади лете? – рече Клајндинст додавајќи дека пробниот снешко што го направија е доказ за тоа и оти целиот систем би трошел струја колку еден трговски центар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...