Државните обврзници ќе се тргуваат на Македонска берза од почеток на 2019 

-

Државните хартии од вредност од почетокот на 2019 година ќе котираат на Македонска берза. Денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски и директорот на Македонска берза, Иван Штериев, потпишаа договор за котација на државните обврзници. Со ова државните хартии од вредност ќе станат достапни за поголем број на инвеститори, како домашни така и странски.

Теводвски истакна дека со ова се следи европската пракса, но и примерите на сите развиени земји со функционален пазар на капитал.

– Се прави клучен чекор кон развивање на пазарот на капитал. Покрај добро развиениот примарен пазар, се развива секундарниот пазар на тргување. Од почетокот на 2019 година, државните хартии од вредност ќе станат достапни за повеќе инвеститори – како во земјата, така и во странство. Ќе напоменам дека преку заедничката платформа на берзите од регионот СЕЕ линк, македонските државни обврзници ќе станат достапни за инвеститорите од регионот, но и Европа. Инаку државните хартии од вредност на останатите земји од регионот веќе се достапни на СЕЕ линк. Ова ќе придонесе за поголема видливост на цените т.е. поголема транспарентност. Секако, поголемата  конкуренција кај побарувачката ќе обезбеди подобра цена, односно камата – рече Тевдовски.

Штериев истакна со котацијата на државните хартии од вредност ќе се зголеми расположивата понуда на берзата.

– Ова е многу значаен ден за Македонска берза и за нејзините членки. Берзанската котација на државните обврзници ќе значи дека овој финансиски инструмент ќе стане максимално визибилен и полесно достапен на секундарниот пазар на хартии од вредност во Македонија, а истовремено ќе ја зголеми расположливата понуда на Берзата. Воедно, котацијата и тргувањето на регулиран пазар ќе претставува нов квалитет за континуираните државни обврзници што би требало да придонесе за уште поголем интерес за вложување во овој инструмент од страна на домашните и странски инвеститори, со сите позитивни повратни импликации од тоа, вклучително и поповолни услови при издавање на обврзниците во иднина – рече Штериев.

Во 2018 година за првпат беше издадена 30-годишна државна обврзница, што според Тевдовски укажува на доверба на инвеститорите во економските политки кои се спроведуваат.

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде што екипите...

Вработената во Општина Кочани беше повредена со пластично шише

„Вистиномер“ на социјалните мрежи пронајде објавен видеоматеријал на којшто е прикажан инцидентот и на него се гледа дека сите шишиња коишто се поставени на масата за советниците, се пластични, пишува „Вистиномер“ Во...

Иран упати остро предупредување до Трамп: Ќе ја завршиме оваа војна

Иран изјави дека нападот на САД врз нивнитенуклеарни постројки го проширил опсегот на легитимни цели за неговите вооружени сили и го нарекоа американскиот претседател Доналд Трамп „коцкар“ затоа што се приклучил...

Magic: The Gathering карта од новата едиција на Final Fantasy доби обид за продажба по цена од 50.000 долари

Картата „Golden Traveling Chocobo“ доби обид за продажба од 50.000 долари на eBay. Се работи за најнов кросовер помеѓу Magic: The Gathering и Final Fantasy серијалот, едицијата што излезе на 13...

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде...