fbpx

Државниот завод за ревизија ќе биде потранспарентен за новинарите

-

Главниот државен ревизор Максим Ацевски одржа работен состанок со претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски и извршниот директор на здружението, Драган Секуловски за зајакнување и продлабочување на соработката помеѓу ДЗР И ЗНМ.

Целта на оваа средба била да се овозможи поголема транспарентност и отвореност на Државниот завод за ревизија како институција која што е од особена важност за граѓаните.

„Во текот на состанокот, на кој присуствуваа претставници на ДЗР одговорни за дадената проблематика, се дискутираше за идеите и отворените можности за соработка во насока на едукација на новинарите за подобро разбирање и читање на ревизорските извештаи. Притоа беше истакнато дека новинарските текстови можат да бидат квалитетен извор за информирање на јавноста околу начинот на трошење на јавните средства од страна на институциите кои се предмет на вршење ревизија. На состанокот се дискутираше и за проширување на оваа соработка, во која би се вклучила и Академијата за обука на судии и јавни обвинители, преку потпишување на Декларација за соработка на трите страни“, велат од ДЗР.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...