fbpx

Државниот врв со пораки за Први мај, Меѓународниот ден на трудот

-

Со пораки за почитување на работничките права и труд и обезбедување пристојни работни услови, државниот врв го честиташе Први мај, Меѓународниот ден на трудот.

Претседателот Стево Пендаровски во пораката вели дека државата треба постојано да вложува напори за унапредување на правата на сите работници и да се почитува нивното право на достоинствен живот.

„Да се бориме за вистинска валоризација на секој работник и работничка во земјата, на секој поединец кој преку својата дејност, со својот труд и пожртвуваност придонесува за заедничко добро. Први мај е вистинска можност за потсетување дека нашиот стремеж за подобро, поправедно, европско општество во секој сегмент од животот треба со заеднички сили да го преточиме во секојдневие“, порача Пендаровски.

Премиерот Димитар Ковачевски во својата порака истакна дека работниците во него и во Владата имаат сојузник за секое прашање и дека заедно со синдикатите ќе ги надминат сите предизвици.

„Со Сојузот на синдикатите на Македонија започнавме дијалог за постигнување на нов општ колективен договор за јавниот сектор. Со него ќе се овозможи континуиран раст на платите според критериуми кои заеднички ќе ги утврдиме. Недела неработен ден е уште еден исчекор кон унапредување работничките права и социјалната правда. Овој закон е потврда дека грижата и поддршката за работниците е приоритет на Владата.Јас секогаш сум бил и ќе бидам на страната на работниците, тие во мене и оваа Влада имаат сојузник за секое прашање и секој проблем заеднички ќе го решаваме. Има уште многу работа на ова поле, но заедно со работниците и синдикатите ќе ги надминеме сите предизвици“, истакна Ковачевски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во својата честитка нагласува дека сите треба да се борат за обезбедување на пристојни работни услови, заштита на работните места и постојано креирање на нови, за достоинствена плата и еднакво вреднување на работата на секој работник или работничка, без дискриминација.

„Деновиве бевме сведоци на штрајк заради усогласување на примањата на просветните работници и јас жалам што оваа ситуација чија што колатерална штета сепак се нашите најмали и најмили, во сите фази од образовниот процес, кој ако се земат предвид вонредните услови наметнати од повеќегодишната пандемиска криза, и онака претрпеа огромни загуби и имаат празнини во тој образовен процес, трае предолго и не се наоѓа заеднички јазик и разбирање“, вели Џафери во честитката.

Претседателот на Собранието истакна дека се надева на постигнување на договор и дека „ќе се продолжи онаму каде што се застана“.

„Децата не смеат да трпат, тие се нашата иднина, иднина на нашата држава. Градењето на рамноправна заедница која се грижи за доброто на сите свои граѓани и ја стимулира желбата за личен и колективен придонес е одговорност и водилка за сите нас, а менување кон подобро за сите нас“, порача Џафери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...