fbpx

Државниот врв со честитки по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

-

Премиерот Димитар Ковачевски по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, испрати телеграма со честитки до Македонската православна црква – Охридска архиепископија (ОА).

„Македонскиот народ со особена грижа и верност ги чува заветите оставени како аманет од сесловенските просветители, чие дело е подеднакво вредно и корисно за целокупното општество. Да продолжиме по нивните стапки и со мудрост да носиме подобри времиња за сите“, стои во честитката на премиерот Ковачевски до МПЦ – ОА.

Ковачевски упати честитка и до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски. Во телеграмата со честитки, премиерот им го честита патрониот празник на УКИМ на ректорот, деканите, продеканите, професорите и сите студенти на првиот државен универзитет во земјава.

„Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е нераскинлив дел од историјата на Северна Македонија како прв државен универзитет во нашата земја. УКИМ ја исполнува својата мисија на еден од столбовите на нашата државност и како достоен продолжувач на визијата и просветителското дело на Светите браќа Кирил и Методиј“, пишува во телеграмата со честитки до ректорот на УКИМ.

Инаку, Ковачевски заедно со македонската делагација која е во дводневна посета на Ватикан и Рим по повод 24 мај, вчера положи венец со цвеќе пред спомен плочата посветена на делото на светите браќа во базиликата Санта Марија Маџоре.

Денот на сесловенските провестители, Светите браќа Кирил и Методиј, го честиташе и претседателот на државата Стево Пендаровски. Во својата честитка Пендаровски вели дека Св. Кирил и Методиј се и треба да останат патоказ за тоа како да се истрае како индивидуи и како нација.

„И единаесет века по упокојувањето на Св. Кирил и Методиј, поборниците за вистината и неуморните заштитници на послабите и на обесправените, сè уште се живи нивните дела и нивните мисли, но, за жал, живи се и догмите против коишто се бореа. Сè уште има такви коишто си земаат за право да имаат ексклузивитет врз општите и заеднички добра и се обидуваат да ги потчинуваат и условуваат останатите. Напредокот и добросостојбата се можни само со споделување на заеднички вредности, со давање и со помагање, а не со алчност, себичност и со доминација“, вели Пендаровски во честитката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...