fbpx

Државниот врв ја одбележува 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

-

Претседателот Стево Пендаровски и Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски денеска положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ по повод 150-годишнината од неговото раѓање.

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Во рамки на одбележувањето на јубилејот, делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе и на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје како и на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Претседателот Стево Пендаровски во 12 часот во НУ Музеј на македонската борба ќе ја отвори изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872-2022)“ која ја организира Државниот архив на Република Северна Македонија, а е под покровителство на претседателот. 

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

„Со овие чествувања денеска, на 4 февруари, на денот на раѓањето на Гоце Делчев, народот на Северна Македонија и претставниците на повеќе државни и општествени институции се поклонуваат и оддаваат почит за неговата огромна историска улога во македонското револуционерно движење“, сооштија од Владата, додавајќи дека Гоце Делчев беше инспиратор и двигател на Македонската револуционерна организација (МРО) кој постојано се залагаше за единството и заедништвото кои ги препозна како движечки елементи во борбата за создавање на самостојна македонска држава.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски испрати и порака со оддавање почит и слава кон делото на инспираторот и водачот на македонската револуционерна организација.

„Како инспиратор и водач на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност на сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност во политичките предизвици пред кои беше исправено прашањето за создавање на самостојна држава“, порача Ковачевски.

„Гоце Делчев највисоко го издигна неговиот интернационален и космополитски поглед со мислата „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар на народите“. Оваа негова порака до денес не изгубила од својата актуелност и го вбројува Делчев во редот на светските хуманисти. Идеалите и заложбите на Делчев се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја“, нагласи премиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...