Фото: ДЗС

Државниот завод за статистика ги отфрла пишувањата на некои медиуми дека бара
одложување на пописот поради состојбата со корона вирусот, соопштија оттаму. Вработените во институцијата периодов забрзано се подготвуваат за теренските пописни активности.

„Тие активности се одвиваат во согласност со планираните рокови. Сите
мерки предвидени со протоколот донесен од страна на Комисијата за заразни болести и Владата на РСМ се почитуваат и со нив се гарантира безбедноста на сите учесници во пописот. Пописот ќе започне на 1 април“, децидни се во Заводот.

На нивната веб-страница стои дека вклучително со денешниот ден, преку апликацијата за самопопишување евидентирани се 47.794 лица. Сите информации поврзани со процесот на попишување се објавени во методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите.