fbpx

Државата со цел да гради мали хидроцентрали, легално ја „узурпира“ приватната сопственост

-

Со помош на државата, некои инвеститори и бизнисмени легално „узурпираат“ приватни имоти на жители, за изградба на мали хидроцентрали. Тие нудат пари за земјиштето, игнорирајќи ја желбата на сопствениците да не го продаваат истото, пишува „Порталб.мк“ кој ексклузивно обезбеди докази за тоа.

Оштетените жители и еко-активисти, кои сакаат да ја заштитат Шар Планина, го формираа „Зелениот фронт против малите хидроцентрали“ додавајќи дека се противници на „хидро- мафијата“ и ќе продолжат да протестираат. Надлежните велат дека дел од хидроцентралите ќе работат, истакнувајќи дека се преземени мерки за заштита на животната средина.

Со образложение за „јавен интерес“, државата одзема приватна сопственост, за трети лица, да градат хидроцентрали. За ова, во редакцијата на „Порталб.мк“, се пожали жител од село Бродец кој сакаше да остане анонимен поради страв од одмазда. Тој вели дека му го узурпираат приватниот имот без да го прашаат.

„Првично во 2018 година, и повторно сега во 2020 година, ми пристигнаа два документи, не само мене, туку на над 20 жители на село Бродец. Ни беше кажано дека на нашите земјишта ќе се гради мала хидроцентрала, односно не нé прашаа дали сакаме, туку само не известија,“ рече тој во разговор за „Порталб.мк“.

Според документот, жителот ќе добие пари за да се откаже од земјиштето во негова сопственост (експропријација). Револтирани од ова, жителите од Месната заедница на село Бродец во јуни 2019 година се мобилизира заедно со сите сопственици на земјиштето и другите жители на ова село против изградбата на оваа хидроцентрала, бидејќи како што велат, „таа ќе донесе само штета и ништо добро“.

Бидејќи овие жители не одговориле на првиот документ испратен од Министерството за финансии, истите со покана биле повикани да се јават во канцелариите на Министерството за финансии во Тетово, прво во 2018 година, и потоа и во 2020 година.

И од оваа средба што жителите ја имаа со претставници на Министерството за финансии, немаше договор меѓу страните за цената што им беше понудена во замена за нивниот имот и изградбата на хидроцентрали.

„Ја информиравме и компанијата што сака да ја гради малата хидроцентрала, како и општината, Министерството за финансии и за животна средина да не им падне на памет дека ќе можат да градат хидроцентрала на нашите имоти. Не го прифаќаме тоа,“ вели жителот на село Бродец.

Тој информира дека со изградбата на оваа хидроцентрала, покрај штетите што ќе ѝ ги нанесе на реката, ќе бидат оштетени и над 20 граѓани кои се во опасност да им бидат одземени имотите на кои ќе се гради хидроцентралата. Овој жител рече дека со изградбата на оваа хидроцентрала се зафаќаат над 80 проценти од приватните имоти.

„Сопствениците не беа ни прашани дали се согласуваат или не, едноставно ви кажуваат за цената и одлуката дека ќе се гради мала хидроцентрала,“ вели соговорникот.

Со овие жители на Бродец се солидаризира и активистот Шахин Фазлија од селото Бозовце кое се наоѓа на Шар Планина. Тој говори за штетата што може да ја донесе изградбата на хидроцентрали во срцето на Шар.

„Градежните работи за изградба на мали хидроцентрали продолжуваат, јас организирав протест со некои селани и планинарски здруженија, многу од нив не нè поддржуваат затоа што се политизирани, а за штетите на Шар Планина му пишав на еден новинар од националната телевизија, но тој воопшто не одговори, ја имам изгубено вербата на сите“, рече Шахин Фазлија од Бозовце, алудирајќи на изградбата на малата хидроцентрала во Лешница.

Тој додаде дека со изградбата на оваа хидроцентрала и сите други што се планираат, „елата, боровите и многу други дрвја ќе се исушат, флората и фауната навистина ќе го почувствуваат недостатокот на вода која ќе биде закопана под наши нозе, никој нема да има добивка од ова, освен некои политичари кои не знаат ништо друго освен пари.“

Врз основа на што државата узурпира приватна сопственост за изградба на хидроцентрали?

„Порталб.мк“ го анализираше законот за експропријација, каде е јасно наведено што сè претставува јавен интерес, и е регулирано со овој закон, и што може да се експроприра во име на јавниот интерес.

„Како важен јавен интерес за Република Македонија во согласност со овој закон, се изградба на нуклеарни централи, термоцентрали и хидроцентрали со капацитет над 1MV, далноводи со нивоа на напон над 35KV, изградба на постројки за производство на обновлива електрична енергија со капацитет до и над 1MV… “.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во изјава за „Порталб.мк“ рече дека секој има право на протест. Сепак, иако со зголемени контроли, помалите хидроцентрали сега се веќе изградени, а и оние кои имаат концесии за изградба, ќе продолжат со работа.

Нуредини зборуваше и за важниот процес во кој се наоѓа статусот или судбината на Шар Планина, во пресрет на прогласувањето за Национален парк. Тој рече дека ова е историска шанса што не треба да се пропушти, бидејќи со донесувањето на овој закон, ќе имаат корист сите, и ќе биде прекината секоја можност за злосторства против природата во оваа област.

„Подготвивме нацрт-закон за прогласување на Шар Планина за Национален парк, кој во моментов е јавен на веб- страницата на Министерството за животна средина и ЕНЕР, и е во фаза на поврзување на јавноста за информации, коментари и доставување забелешки со цел да стане закон кој ќе ги вклучува интересите на сите заинтересирани страни, секогаш во интерес на заштитата на планината. Законот е правна рамка која овој дел ќе го постави во заштитена скала и токму со оваа интеграција и посебен правен режим, ќе се обезбеди употреба на природните ресурси и контролата за незаконски активности како што се сечата, уништувањето на дрвјата и биодиверзитетот ќе бидат многу поефикасни. Прогласувањето на Шар за национален парк значи заштита и мерки за зачувување на природните ресурси, како и отворање на нови перспективи за развој, со што ќе се подобри егзистенцијата на жителите на оваа област. Протестите се легитимно право на граѓаните, на што јас не се спротивставувам, но сметам дека тие не треба да го условуваат усвојувањето на Законот, бидејќи тој сам по себе значи друг режим за други евентуални инфраструктурни активности и во ниту еден момент не е спротивен на барањата на иницијативите, затоа што разгледувањето на концесиите може да се направи и по прогласувањето на Шара за Национален парк,“додаде Нуредини.

Што е предвидено во студијата за валоризација?

Студијата за валоризација, меѓу другото, се занимава со аспекти на одржување и регулирање на водните ресурси, односно регулирање на водите. Оваа студија ги идентификува локациите и статусот на малите хидроцентрали, како и можните конфликти со тековното зонирање на идниот Национален парк. Со цел да се заштити природата, но и да се почитува правото на правните лица (на што нè обврзува законот),кои изградиле или се во фаза на изградба на мали хидроцентрали, во Студијата се предлага третман за секоја хидроцентрала, зависно од тоа во која заштитено подрачје се наоѓа и во која фаза на реализација е изградбата.

Во најголем дел, за изградените хидроцентрали и за оние кои имаат потпишано договори за концесија и градежни дозволи, се предвидува да продолжат да работат, но со примена на ефективни мерки за ублажување на нивното влијание врз природата и засилени контроли за ова, на што ќе инсистирам.

Според студијата, во идниот Национален парк (Шар планина) има изградено вкупно 11 хидроцентрали, а дадени се уште 9 концесии. Од овие 9, за 5 се оценуваше дека може да се во предвидени заштитени подрачја.

Само за една од малите хидроцентрали за која се започнати градежните работите се наоѓа во строго заштитено подрачје, а за истото само што започнавме преговори со инвеститорот да се повлече. За другите хидроцентрали, за кои не е предвидено заштитено подрачје, се разгледуваат можностите, за што конечната одлука ќе треба да ја донесе Владата.

Како одговор на оваа и другите хидроцентрали кои во моментов се градат, неколку невладини организации, планинарски друштва, еко-активисти и граѓани на 22 септември во Тетово го формираа „Зелениот фронт против изградба на мали хидроцентрали“.

Со цел да се објасни зошто изградбата на хидроцентралите и самите хидроцентрали не претставуваат јавен интерес, овој фронт наведе три причини кои според нив многу јасно ја објаснуваат штетата што може да ја предизвикаат овие хидроцентрали.

„Реките се блокираат во цевки, убивајќи сè живо во областа. Со изградбата на пристапни патишта и далноводи, се сечат шуми и се предизвикува ерозија. Хидролошкиот режим се менува, така што околните населени места ќе имаат проблеми о вода за пиење и наводнување“, велат од Зелениот фронт.

Оваа неформална група одлучи своите барања, кои одат до Владата да ги објави од Шар Планина, точно од Лешница, каде се очекува да се гради една мала хидроцентрала.

Нивните барања се итно да се запре изградбата на мали хидроцентрали како и повторна проценка на досега доделените дозволи и концесии за изградба на мали хидроцентрали, засновани врз реални процени за нивното влијание врз животната средина.

Но, Владата не одговори, а пак, како што споменавме погоре, министерот вели дека разгледувањето на концесиите може да се случи и по прогласувањето на Шар Планина за Национален парк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...