fbpx

Државата посветено и обединето ќе се справува со дезинформациите

-

Очевидно е дека Владата како иницијатор и автор на Акцискиот план за справување со дезинформациите, сака пред јавноста да претстави обединет фронт и да покаже целосна посветеност при справувањето со дезинформациите. 

Колку е голема заинтересираноста на Владата и државните институции за борбата против дезинформациите покажува фактот што на овој конститутивен состанок, покрај премиерот Зоран Заев, присуствуваа и клучните министри од областа на безбедноста – за одбрана, Радмила Шеќеринска и за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски. Присутни беа и директорите на Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Оперативно-техничката агенција (ОТА). На средбата беа присутни и имаа обраќања и претседателот на Парламентот, Талат Џафери и претседателот на државата, Стево Пендаровски. 

Со состанокот раководеше министерот за отчетност и транспарентност Роберт Поповски. Тој во неколку наврати повтори дека целта на оваа акциска група е исклучиво да ги координира активностите кои се во надлежност на државните институции, додавајќи и дека сите безбедносни мерки кои би се спровеле во рамките на борбата против дезинформациите, исто така, се однесуваат исклучиво на државните институции. Целта беше да појасни дека Владата нема намера да се меша во работата на медиумите, ниту пак да спроведува мерки кои можат да се протолкуваат како обиди за цензура, за што имаше критики од страна на еснафските новинарски институции кога во јуни годинава за првпат беше претставен Акцискиот план за борба против дезинформациите. 

Поповски наведе и иницирање на т.н.рпроактивни мерки, но тие треба да произлезат „од широката и сеопфатна дебата во која ќе бидат вклучени „сите засегнати и заинтересирани страни – медиумите и медиумските и граѓански здруженија, но и новинари и поединци кои се определени против злото наречено лажни вести кое ја загрозува демократијата.“ 

– Веќе во текот на идниот месец владата ќе организира состаноци, работни средби, дебати, трибини, работилници како можност сите да го дадат својот придонес – рече Поповски, додавајќи дека „владата ќе ги прифати и активно ќе учествува во сите слични инцијативи огранизирани од релевантни организации, кои ќе се вклучат во подготовката на борбата против ширењето лажни вести и дезинформации.“ 

Премиерот Заев, како пример за кампања со лажни вести и дезинформации ја наведе онаа која се ширеше во текот на преговорите и потпишувањето на Преспанскиот договор, како и во текот на референдумот, за која рече дека имала за цел „да ги дезинформира граѓаните и преку лажни и искривени факти да ги дестимулира да излезат на гласање за да се дискредитира референдумот, а најголем интензитет имаше за време на самиот референдум“. 

– Најчесто се базираа на селективно избрани сегменти од членови од договорот на кои им беа додавани нови значења преку шпекулации на кои им беа додавани нови факти за да бидат претставени во погрешно светло со потпалувачи изјави. Тезите кои се пласираа во јавноста беа: „го губиме идентитетот“ и „се брише сѐ што е македонско“, „Грција го напиша нон-пејперот со уставните амандмани што треба да ги спроведе Владата“, „се менуваат меѓународните кодови и кратенки“, „готово е – јазикот ќе биде северно-македонски“, беше еден од насловите, (…) „се брише АСНОМ од Уставот“ или „договорот нема да помине во Грција“, „ќе го смениме името и ќе останеме извисени“, „Грција нема да го почитува договорот во иднина“… Лаги, невистини, дезинформации, заклучи Заев.  

Кон крајот на своето излагање премиерот Заев ја поздрави и иницијативата на Здружението на новинарите на Македонија, Стопанската комора и Советот за етика во медиумите за иницијативата за основање регистар на професионални он-лајн медиуми со кој ќе ѝ се посочат на јавноста порталите што ги исполнуваат критериумите да бидат медиуми, како што се оние што се оние што се придржуваат до новинарскиот кодекс при своето работење и имаат транспарентно сопствеништво и импресум. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...