Министерство за правда подготвува предлог-закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела.

Оттаму преку Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) објаснуваат дека причината за донесување на законот произлегува од потребата за усогласување со меѓународните стандарди и на одредби од Законот за кривичната постапка, каде што е пропишано дека жртвата на кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 4 години, меѓу другото, има право на надоместок на материјална и нематеријална штета од државен фонд под услови и на начин пропишан со посебен закон, а доколку надоместокот на штета не може да се обезбеди од осудениот.