fbpx

Драма околу наградите „4 Ноември“ во Битола: Дали Талески може да дава признанија?

-

Вистинска драма се случи денеска на седницата на општинската комисија за доделување на наградите „4 Ноември“ во Битола, кога советничката од ВМРО-НП, Габриела Илиевска, како член на комисијата, одби да гласа и јавно ги повика добитниците да не земаат награди од рацете на осомничениот градоначалник Владимир Талески.

Деветчлената комисија, во отсуство на Илиевска, сепак, донесе одлука наградата за животно дело да ѝ ја додели на Милица Шперовиќ-Рибарски. Годишните награди, пак, според одлуката на комисијата, ќе отидат во рацете на Здружението на пензионери и на интерното одделение во битолската болница за 70 години јубилеј, а за стопанство награда ќе добие ЗК „Пелагонија“.

Советничката Илиевска на седницата на општинската комисија изјави дека сите кандидати што се понудени ја заслужуваат оваа награда, но не заслужуваат да им биде врачена од рацете на Талески.

– Моето достоинство не ми дозволува да учествувам во нешто во кое Талески се однесува како да е нормално. Сметам дека не е нормално еден градоначалник, кој секој петок се пријавува во суд, да си дозволи да дели вакво врвно признанение. На човекот за кој од неговите министри слушнавме дека е наречан перфиден глумец и криминалец, ние треба да му дозволиме, покрај сите други криминали, да доделува и награди – изјави Илиевска и повика наградените да не ја земаат Четвртоноемвриската награда од рацете на Талески.

Претседателката на Советот на Општина Битола, Силвана Англевска, воедно претседател и на комисјата за доделување на наградите, за „Мета“ изјави дека правото на советничката Илиевска да не гласа е нејзино легитимно право и не попречило во донесувањето на одлуките.

– Секој има право да се однесува како што мисли, но нејзините причини за ваквото однесување не се издржани. Сè додека не се докаже вината, Талески не треба да се деградира – изјави Ангелевска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...