fbpx

Драги Ѓоргиев: Има простор за подобрување и во македонските и во бугарските учебници

-

Би бил задоволен ако работата на Комисијата резултира со нови учебници по историја, не затоа што тоа го бара Бугарија, туку затоа што навистина има потреба од нивно подобрување, вели Драги Ѓоргиев, претседателот на македонскиот тим во заедничката Комисија, во интервју за Дојче веле – Програма на македонски јазик.

Одговарајќи на обвинувањата од неговиот бугарски колега, со-претседавачот на комисијата, Ангел Димитров, кој обвини дека македонските членови на Комисијата не го прифаќаат билатералниот Договор, односно дека се прават „опструкции и замена на тези” и отфрлање на дефиницијата „заедничка историја“, Ѓоргиев одговара дека станува збор за неоправдано постапување, кое веќе подолго време е практика.

„За жал веќе подолго време обвинувањата се дел од секоја изјава на нашите бугарски колеги и тоа веќе прераснува во една практика која континуирано ја нарушува меѓусебната доверба. Доколку не се постигне прогрес во работата вината целосно се префрла на македонската страна, што само покажува еден исклучив пристап со однапред определена цел: наметнување на еден наратив врз друг. Притоа отсуствува пристап во согласност со позитивните европски искуства, кој ќе овозможи рамноправна дискусија со обид да се разбере соговорникот од другата страна. За жал синтагмата „заедничка историја“, која не е дефинирана во самиот Договор, се претвори во една главните пречки во работата на Комисијата, пред сѐ, поради едностраното толкување, дека всушност таа означува историја на еден народ, односно на бугарскиот, започнувајќи од IX век па сѐ до 1944 година. Се разбира, таквото толкување е неодржливо и неприфатливо, и затоа е потребна отворена дискусија со цел да се разјасни нејзиното толкување и значење. Нејзиното разбирање и толкување не може да биде надвор од рамките на современите пристапи за проучувањето на минатото“, вели Ѓоргиев.

Претседателот на македонскиот тим во Заедничката комисија исто така појаснува дека бугарските колеги апсолутно инсистираат на нивните гледишта како единствена варијанта што може да биде внесена во учебниците. Но иако има простори за измена на учебниците, тоа се однесува и на Бугарија, а не само на Северна Македонија, вели Ѓоргиев.

„Главниот проблем остануваат големите разлики во пристапот кон толкувањето на историските процеси, настани и личностии секако, пристапот кон сфаќањето и правењето на препораки за учебниците. Присутна е тенденцијата бугарските забелешки кон македонските учебници да бидат конкретизирани во духот на нивниот наратив и тој да биде наметнат како единствен. Тоа особено дојде до израз во дебатата за Цар Самуил, наспроти нашиот пристап на мултиперспективност, кој овозможува на учениците да развијат критичко мислење. Се разбира, тоа важи за настани каде мултиперспективноста може да се примени“, вели Ѓоргиев.

Во однос на прашањето за тоа каква е нашата перцепција за Цар Самуил, како и за критиките од Бугарија за содржините во македонските учебници во однос на оваа историска фигура, како и за глаголицата и Кирил и Методиј, Ѓоргиев со одговор:

„Не би можел во рамките на овој ограничен простор да дадам одговор на темите поставени во прашањето, но би сакал да истакнам дека и во македонските и во бугарските историски учебници има простор за подобрување. Јас би бил задоволен доколку работата на Комисијата резултира со правење на нови учебници по историја во нашата држава, не затоа што тоа го бара Бугарија, туку затоа што навистина има потреба од нивно подобрување“, вели со-претседавачот на заедничката македонско-бугарска комисија во интервјуто за Дојче веле.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...