Дераган Тилев, државен советник во Секретаријатот за европски прашања | Фото: СЕП

Државниот советник во Секретаријатот за европски прашања, Драган Тилев, го следи патот на Северна Македонија кон Европската унија уште од 90-тите. Во интервју за Порталб.мк, тој потсетува дека Северна Македонија е првата земја во регионот која во 1995 година потпиша договор за соработка со Европската унија. Според него, во ноември 2020 година се очекува да се отворат првите поглавја од преговорите за конечно пристапување во европското семејство.

Договорот за соработка со ЕУ од 1995 година беше потпишан неколку години откако Република Македонија ја стекна својата независност од Југословенската федерација, и тој беше повеќе симболичен, докажувајќи ја стратешката определба на земјата за нејзината иднина во европското семејство.

Ова се случи во време кога конфликтите или поточно кажано крвавите војни во Босна и Хрватска сè уште не беа завршени, а Македонија само што беше започнала да „дише“ од повлекувањето на ембаргото од Грција, која го оспоруваше името на новата држава, што се случи откако беше постигнат билатералниот договор, за привремената референца на Република Македонија (ПЈРМ).

Во состојба на постојана закана од тогашната Југославија на Милошевиќ (Србија), која 2 години претходно, во 1993 година, овој договор беше своевидна надеж за земјата, дека не е сама, и дека има надеж еден ден да биде дел од ЕУ.

За да дознаеме нешто повеќе за тоа како се одвиваа настаните во текот на овој период од преку 25 години, направивме интервју со еден од сведоците на овој процес, Драган Тилев, државен советник во Секретаријатот за европски прашања.

Ова патешествие на земјава, вели тој, во ниту еден период и во никој случај не беше лесно и едноставно. Напротив, вложен е многу труд, многу преговори, контакти, лобирање, вели еден од луѓето вклучен уште од првите моменти во овој процес.

„Нашата земја беше прва во целиот регион што го потпиша Договорот за соработка со Европската унија во далечната 1995 година, и тоа беше како увертира пред потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација. После тие кризни моменти што се случуваа во нашиот регион, во 1999 и 2000 година ние бевме првата земја што го потпиша Договорот за асоцијација и стабилизација, што важи и денес, пред точно 20 години и тоа токму во Загреб. Сега 20 години подоцна, во Загреб, под претседателство на Хрватска, успеавме да добиеме одлука да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ “, рече Драган Тилев, државен советник во Секретаријатот за европски прашања на Владата на Северна Македонија.

Според него, позитивен факт е тоа што беше создаден специјален тим за преговори и постојана работа со Брисел.

„Формиравме мала единица за европски прашања, која работеше со програмата ФАРЕ, и истата прерасна во сектор за европска интеграција, кој ги имаше сите функции што Секретаријатот за европски прашања ги има денес. Тој е основан во 2005 година, и од тогаш започна да функционира како секретаријат, со посебен идентитет, со свој буџет, а целта беше да се докаже и внатре и надвор од земјата дека сме многу сериозни во формирањето на координативен систем, кој може да го носи товарот на евроинтегративниот процес“, вели Тилев.

Кога беа најповолните можности да се добие датум за преговори?

Тилев вели дека пред 9 години постоела златна можност. „Во 2012 година имаше мал прозорец за да се добие одлука за добивање датум за почеток на преговорите, но секој пат треба да се почека, сè да се собере и работите да си дојдат на свое место, и да се донесе конечна одлука“, вели Тилев. Шансите за такво нешто се зголемија многу по формирањето на новата влада, по изборите во декември 2016 година.

„Годините 2017, 2018 и 2019 беа години на решавање на отворените прашања, како со Република Грција, така и со Република Бугарија, старите, наталожени проблеми, кои полека беа амортизирани, се префрлија од негативен аспект, на позитивна перспектива“, вели Тилев.

За него, Мисијата на Република Северна Македонија во Брисел е една од најважните мисии на земјата, а во иднина ќе биде најважната дипломатска мисија. Во однос на новата Методологија на ЕУ за земјите аспиранти, се очекува дефинирање на Рамката за преговори и доколку се усвои, првите поглавја ќе бидат отворени приближно во ноември годинава.

„На Европската комисија ѝ е даден мандат да подготви рамка за преговори, и оваа рамка е дефинирана од ЕК, комесарот за проширување Вархејли ја презентираше истата и ја достави до Европскиот совет, а тоа со еден збор значи дека од Европската комисија постапката беше префрлена во земји членки. „Земјите-членки се изјаснуваат за содржината на рамката за преговори“, вели тој.

Според него, за време на отворањето на поглавјата, Северна Македонија има среќа бидејќи една од најголемите поддржувачи во процесот на евроинтеграција ќе претседава со ЕУ, а тоа е Германија, која е вистински лидер на Европа.