fbpx

Драган Илиевски е нов в.д. директор на Зоолошката градина во Скопје

-

Драган Илиевски е новиот вршител на должност директор на Зоолошката градина во  Скопје назначен од скопската градоначалничка Данела Арсовска, информираат од Град Скопје.

Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор. Дипломиран машински инженер е на Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а има завршено магистерски студии по економија, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Илиевски доаѓа на позицијата по разрешувањето на претходниот директор Кристијан Стаменов. Скопската градоначалничка го разреши директорот на 14 јули годинава откако Вистиномер.мк објави дека во скопската зоолошка градина се убиваат коњи и мазги за прехрана на лавовите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...