fbpx

ДПИ вчера спроведе над 100 контроли во угостителски објекти, приведено одговорно лице за непочитување на здравствените протоколи 

-

Денеска, половина час после полноќ, полициски службеници го приведоа лицето М.Д. (41) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека, како одговорно лице, управител на ланч бар „Мош“ во Скопје, сторил кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, што е казниво по член 206, став 2 од Кривичниот законик. Како што соопштија од Владата, лицето М.Д. не го применувал протоколот за отворање и за работа на угостителски објекти за исхрана и протоколот за отворање на кафетерии, како и здравствените прописи за време на епидемија. „Конкретно, организирал музички настан–концерт, каде што помеѓу гостите не се почитувало дозволеното растојание од 1,5 до 2 метри и повеќето лица не носеле заштитни маски на лицето, а не биле исполнети и други одредби од пропишаните здравствени протоколи“, стои во соопштението од Владата.

Се додава дека и претходната вечер, на 3 октомври, во истиот угостителски објект, на барање и во координација со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), полициски службеници го посетиле барот „Мош“, а претходно, на одговорното лице М.Д. од страна на пазарните инспектори му било укажано да ги почитува мерките од Уредбата на Владата во врска со пандемијата на ковид-19, особено по однос на задолжителното физичко растојание на масите и носењето заштитни маски.

„Во периодот од 21 до 23 часот повторно е извршена контрола на угостителскиот објект, при што се констатирани неправилности. Притоа, полициските службеници издале 38 платни налози на гостите кои не носеле заштитни маски. А, ДПИ констатирал дека не се почитувало растојанието меѓу масите од 1,5 метар. Во истиот угостителски објект, околу 22:30 часот полицијата повикала и претставници на Инспекторатот за животна средина од Oпштина Центар и било извршено било мерење на бучавата во локалот. Констатирано било дека таа е над дозволените граници, за што дополнително ќе биде доставена прекршочна пријава од Инспекторатот за животна средина“, информираат од Владата.

Иствремено, ДПИ во текот на вчерашниот ден (сабота), спровел над 100 контроли низ целата држава, при што кај 19 субјекти се изречени казни за непочитување на здравствените протоколи и други прекршоци во надлежност на ДПИ како и 4 за непочитување на работно време. Седум субјекти организирале свадби, во Струга (1), Тетово (2) и Скопје (4). Кај 8 субјекти е констатирано непочитување на здравствените протоколи, и тоа во Струмица (2), Скопје (5) и Битола(1). За субјектите кои ги прекршиле здравствените протоколи и организирале свадби, ќе бидат поднесени кривични пријави до Јавното обвинителство.
Во текот на вчерашниот ден кај 4 субјекти, ДПИ констатирал пречекорување на работното време, во Скопје (2), Прилеп(1) и Битола (1). За нив ќе бидат изречени прекршочни пријави, ќе бидат издадени платни налози за парична казна и решение за затворање на објектите од 10 до 30 дена, во зависност од пречекорувањето на работното време.

Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи со засилени контроли во текот на денешниот ден и во следниот период.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...