Дивоградба е шесткатницата во Чаир, Обвинителството поведе истрага за управителот на фирмата

Овластен судски вештак констатирал моментална фаза на изграденост, односно изведени армирано-бетонски работи, целосно избетонирана скелетна армирано-бетонска конструкција, столбови, греди и плочи од подрум до шестиот кат, како и ѕидање на надворешни и внатрешни ѕидови со блок тула

-

Основното јавно обвинителство поведе постапка за управител на фирма, кој изградил шесткатница во Чаир на „Ќемал Сејфула“, без одобрение и на државно земјиште, соопштија денеска оттаму.

„Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши проверки и донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик. Објектот почнал да се гради во 2024 година, без одобрение и на државно земјиште на улицата „Кемал Сејфула” во Чаир. Осомничениот, како управител на правно лице, се јавува како инвеститор на градбата – станбена зграда со деловни простории и катност По+П+6+Пк наменети за продажба“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Оттаму додаваат дека по наредба на јавен обвинител, овластен судски вештак од областа на градежништвото констатирал моментална фаза на изграденост, односно изведени армирано-бетонски работи, целосно избетонирана скелетна армирано-бетонска конструкција, столбови, греди и плочи од подрум до шестиот кат, како и ѕидање на надворешни и внатрешни ѕидови со блок тула.

„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска да се јавува кај определено службено лице, привремено одземање на патната исправа и забрана за изведување градежни работи на објектот-дивоградба“, се наведува во соопштението.

Од пред неколку дена, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во повеќе наврати објавува видеа во живо на социјалната мрежа Фејсбук директно од Чаир, а во едно од нив зборуваше дека конкретната шесткатница е дивоградба и го повикуваше на одговорност градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Тој, пак, на прес-конференција што ја одржа на 29 мај, кажа дека ако има нешто незаконски во општина Чаир, редно е да постапат органите, а не градоначалничката да ја игра улогата на истражен орган. На 31 мај, Арсовска до Јавното Обвинителство кажа дека доставила документи за дивоградбите во општина Чаир, во надеж, како што кажа, „дека конечно ќе се постапи со цел обезбедување на доказите кои се обидуваат да ги уништат“.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...