fbpx

Доцнат реформите во безбедносните служби, велат експертите

-

Реформите во безбедносните служби во Македонија доцнат, потребно е ревидирање на постојните и нови закони кои го дефинираат објективниот надзор над работата на ОТА, формирањето на Граѓанскиот совет и комплетирање со експерти на собраниската комисија за спроведување на надзор врз ОТА. Овие критики денес беа упатени во работната средба на експертите на Европската Унија, Маурицио Варенезе и Клое Лаурен со членовите на Собраниската комисија за надзор за примена на посебната истражна мерка и следење на комуникациите, пренесува Порталб.мк.

Претседателот на собраниската комисија, Емил Димитриев, по состанокот изјави дека заеднички заклучок на експертите на ЕУ и пратениците бил дека Македонија доцни во реализацијата на реформите во безбедносните служби.

Според него, проблемот е во двата закони кои сега веќе се во завршна фаза на подготовка, како и во самиот Закон за следење на комуникации.

– Донесувањето на тие закони значително ќе влијае на намалувањето на квалитетот на контролата на службите. Нелогично е ние од една страна да градиме квалитетна контрола, а од другата страна да носиме закони со кои таквата контрола се уништува  – рече Димитриев.

Во Граѓанскиот совет се избрани само половина од членовите.

Поентата на експертите е ставена во доцнењето со формирањето на Граѓанскиот совет што треба да врши надзор на работата на ОТА. Во понеделникот (21.01.19) во Комисијата за избори и именувања, се избраа 3 членови и претседателот на Советот за граѓански надзор Маргарита Цаца Николовска, а за членови, Ице Илјевски, Гордан Калајџиев и Филип Стојановски.

За другите членови коккурсот ќе се објави повторно.

Се очекува двајца членови да бидат предложени од ДУИ, со цел да се исполни и условот за правична застапеност на етничките заедници, а еден ќе биде предложен од страна на ВМРО-ДПМНЕ. На првиот конкурс се бараа 7 членови а пријавени беа само 8, од кои еден не ги исполнуваше условите. На овој начин, членовите на Комисијата за избори и именувања немаа опции за избор.

На средбата, како што извести во продолжение Димитриев, е побарано и ангажирање на експерти кои ќе бидат дел од собраниската Комисија за вршење надзор над ОТА.

Бидејќи пратениците немаат знаење да го вршат надзорот, Комисијата има потреба за двајца експерти. Тие треба да се од областа на дигиталното вештачење, за обработка на податоци, телекомуникации и од правото. Меѓутоа се прават обиди да се подготви листа на стручњаци кои би можеле да се ангажираат ад хок (ad hoc) според потребите.

– Во текот на ноември и во писмена форма се обратив до претседателот Џафери, за тоа дека Собранието мора да помогне во делот на обезбедување на стручњаци, бидејќи Комисијата нема ресурси да го направи тоа. Досега немам одговор – рече Димитриев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...