fbpx

Доставуваат пица со помош на дронови

-

Руска компанија направила нов модел на дрон кој може на себе да носи тежина и до пет килограми и да лета со брзина од 40 километри на час. Тоа ги прави да бидат совршени доставувачи на пица, а во ова се уверил и еден синџир ресторани за брза храна.

– Ние сме прва компанија на светот која има ваква организација. Нашите дронови имаат вграден ГПС и камера и доставата може да се следи целиот пат – тврдат од компанијата.

Компанијата веќе соработувала со рускиот синџир за брза храна „Додо пица“, од која тврдат дека се единствениот ресторан во светот кој доставува пица со помош на дрон. Од „Додо пица“ ветуваат дека нивната достава ќе стигне за половина час, а ако тоа не се случи, клиентите не мора да ја платат храната.

Во јуни оваа година уште една пицерија го испробала овој начин на достава на храна. Станува збор за пицерија од Бруклин, која сама направила тест-летало.

– Се прилагодуваме на новите технологии и за пет години ќе биде сосем нормално храната да ви лета над глава. До 2018 година, ќе имаме флота од најмалку 25 дронови, кои ќе доставуваат пица низ цел Њујорк – тврди Чарлс Волтерс, сопственик на синџирот ресторани за брза храна „Вилијамсбург пица“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...