Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска доставила барање до Судот за укинување на мерката притвор. Таа очекува до петок, кога истекува 30-дневната мерка притвор, да има одлука.

Фрчкоска за дел од медиумите изјави дека основите за определување мерка притвор се отпаднати со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија.

Таа посочи дека бараат Катица Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен имот.