Достапна нова мобилна апликација „Дарувај Крв“ за крводарители

Фото: Принтскрин

„Дарувај Крв“ е нова мобилна апликација наменета за сите оние што даруваат или сакаат да даруваат крв. Апликацијата ќе покажува крводарителски акции што се организираат низ Македонија од разни здруженија, со цел полесно информирање каде и кога може да се спаси живот.

Во моментов „Дарувај Крв“ е достапна само за Андроид телефони, но наскоро е најавено дека ќе проработи и на iOS. Во изработка е и втора верзија, каде секој ќе може да одбере која крвна група е и да добие нотификации кога ќе се бара таква крвна група во неговиот град.

Апликацијата ја изработија активистот и програмер Горјан Јовановски, Александар Богдановски и Стефан Велковски, во соработка со Здружението на крводарители и поддржувачи на крводарителството „Крводарител“ – Скопје.