Досие: Што направи претседателот Иванов за време на вториот мандат (инфографик)

-

Во текот на вториот мандат, претседателот Ѓорге Иванов е оценет како партиска алатка на ВМРО-ДПМНЕ. Како шеф на државата немаше добри односи со меѓународната заедница, спроведе анти-албански политики и донесе одлуки против правниот и уставниот поредок. Иванов не “стоеше добро“ ниту со граѓанскиот сектор, кои не ретко беа на нишан на неговите критики, но и со новинарите на кои не им одговараше на прашањата во текот на прес-конференциите, пишува „Порталб.мк“.

Во 2014 година Иванов го доби вториот мандат, но не беше признаен од СДСМ поради обвиненијата за фалсификување на изборите. Изборот на Иванов не го прифати ниту ДУИ бидејќи според нив ја немал поддршката на Албанците во Македонија. ДУИ исто така тогаш организираше кампања за бојкотирање на гласањето под мотото „Шетај“, бидејќи во тоа време не постигнаа договор со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ за да предложат заеднички консензуален кандидат.

Иванов ќе службено биде претседател на Северна Македонија до 12 мај 2019 година, известуваат од ДИК.

За време на првиот мандат, Иванов се памти по неговите два најголеми гафови кога говореше за состојбата на демократијата во Македонија и за спорот за името.

  • „Демократијата е како космодиск, изгледа глупо, но функционира“, изјави Иванов.
  • “Разумен компромис е разумен компромис. Не знам како да ви објаснам“, рече Иванов во неговата прва изјава пред новинарите во врска со спорот за името со Грција.

Иванов и неговата наклонетост кон Русија

Иванов во текот на вториот мандат, ги заостри односите со претставниците на меѓународната заедница. Често се конфронтираше со високи претставници на меѓународниот фактор обвинувајќи ги за двојни аршини на либералниот ред, бидејќи според него, на граѓаните на Македонија им било оспорено правото за идентитет, но и правото за напредок. Во текот на овој мандат може да се подвлече дека Иванов често бил заобиколуван од страна на меѓународните гости, но имало и случаи кога и самиот претседател не прифаќал посети.

Политичката криза со играта на не давање на мандат на лидерот на опозицијата, ги откри неговите изјави кои, освен што беа идентични со тие на Груевски, беа, исто така, во иста линија со ставовите на официјална Москва. Иванов, го оправдуваше не давањето на мандатот со истиот жаргон како и Русија, која го напаѓаше Западот за мешање во внатрешните работи, но, и Албанците дека преку заедничката Декларација на албанските партии, која тие ја нарекуваа Тиранска платформа, ќе се формира Голема Албанија.

Иванов ги поддржа протестите пред Собранието на Македонија, во периодот пред насилниот напад во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година. Во овие протести се одржуваа националистички, анти-западни говори, а имаше и моменти кога се палеа знамињата на НАТО и Европската унија. За да биде иронијата поголема, Иванов одби да се сретне со европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, во време кога не му го даваше на Заев мандатот за формирање на влада,и му препорача на Хан да се сретне со демонстрантите, кои потоа насилно упаднаа во Собранието.

Но, не заврши само со тоа, Иванов потоа побара амнестија за демонстрантите оправдувајќи ги нивните постапки.

Партизацијата на Иванов

Постапките и одлуките на претседателот Иванов во повеќе наврати беа слични на партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ, или директно во нивна полза. За ваквата партизација тој беше обвинет и од меѓународниот фактор, а ова најдобро го потврдува фактот што во време кога Специјалното обвинителство гонеше повеќе функционери тој ги аболираше.

Кавгите, гафовите и написите за Иванов

Претседателот Иванов за време на овој мандат, ќе остане запаметен и за неговите понекогаш смешни дела и гафови, кои ги преплавуваа социјалните мрежи, но посебните случаи на кавги, како онаа со ДУИ. Странските весници пишуваа за одредени одлуки на Иванов со кои предизвикуваше блокади во земјата, па дури и му укажува дека оди по стапките на Милошевиќ. Иванов го завршува мандатот како обвинет за две кривични дела за кршење на Уставот.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...