Дошол да го види шестмесечното бебе па почнал да ја дави сопругата во нејзиниот семеен дом

Во домот на родителите на жртвата осомничениот отишол за да го земе на видување нивното шестмесечно бебе, но започнал да и се заканува на жената, а потоа и физички ја нападнал и почнал да ја дави за вратот

-

Основното јавно обвинителство Велес соопшти дека повеле постапка за телесна повреда и побарале притвор за лице од Велес, кој се сомничи дека ја повредил неговата сопруга.

Од обвинителството соопштија дека станува збор за сомнение за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Лицето не живеело со сопругата затоа што во тек е бракоразводна постпка.

„Во домот на родителите на жртвата осомничениот отишол за да го земе на видување нивното шестмесечно бебе, но започнал да и се заканува на жената, а потоа и физички ја нападнал и почнал да ја дави за вратот“, се вели во соопштението од обвинителството.

Таа претходно повеќе пати го пријавувала за семејно насилство, а против него во тек е и судска постапка за неизвршување на судска одлука.

Поради ризикот да го повтори делото или да се даде во бегство, особено со оглед на тоа што членови на неговото потесно семејство живеат во странство, јавниот обвинител оценил дека се исполнети законските услови и поднесе предлог за определување мерка притвор до судија на претходна постапка.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...