fbpx

[Видео] Досега во земјава пристигнале 51 украински државјанин, организиран настан за хуманитарна помош за Украина

-

Министерството за надворешни работи и Црвениот Крст на Република Северна Македонија денеска на хуманитарен настан за собирање помош за Украина кој се одржа во Логистичкиот центар на Црвениот Крст во Момин Поток потпишаа Меморандум за соработка за поефикасна координација.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се заблагодари на Црвениот крст, како и на стопанските комори кои почнаа со своите активности за помош. Посочи дека има список на потреби на кои секој бизнис, секоја компанија може да се одлучи да ја преземе обврската да ги обезбеди тие продукти. Има и број на Црвен крст каде граѓаните можат да се јават и да донираат 100 денари кои директно ќе бидат пратени во Украина.

„Денеска во Украина гинат цивили, деца, жени, болни од бомбардирани болници, од недостиг на храна, вода, лекови… Сензибилноста наша е поголема од сите други да се покажеме солидарни да излеземе во помош денеска на луѓето кои имаат потреба. Важно е да се мобилизираме сите да им помогнеме на луѓето“, нагласи Османи.

Во акцијата се вклучија и сите 4 стопански комори кои преку компаниите организираат помош.

Граѓаните пак уплаќаат средства преку телефонски донаторски повици или директно на сметката за помош. Досега се собрани над 2,7 милиони денари.

Генералниот секретар на Црвен Крст Саит Саити посочи дека 51 граѓанин од Украина се дојдени во земјава, од кои 30 се сместени во Скопје, а другите 20 во Гевгелија, Валандово, Прилеп и други места и сите се сместени кај пријатели и роднини.

Тој апелираше до граѓаните и компаниите и понатаму да учествуваат во хуманитарните активности кои се во тек бидејќи, како што рече тоа завршува таму каде е најпотребно. Средствата, додаде, ќе се собираат до 15 април.

На настанот присуствуваше и амбасадорката на Украина, Наталија Задоружњук. Таа се заблагодари на институциите, претпријатијата, фирмите, но и на сите граѓани кои одговорија на нивниот повик.

Задоружњук додаде дека како дипломат се надева на брзи преговори кои досега се одвиваат на ниво на разговори меѓу двете страни. Амбасодорката рече дека е благодарна на, како што кажа, „пријателската Република Северна Македонија за нејзината јасна поддршка на Украина, за одлуката на Владата за воведување санкции, за помош на бегалци, за организирање на хуманитарна помош за Украина“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...