Досега сме донирале 14 камиони со помош за Украина, нова акција за поддршка на бегалците во земјава

-

Се собраа дополнителни финансиски средства и друга поддршка во рамките на хуманитарната акција за помош на бегалците од Украина, насловена како „Денови на хуманост“. Акцијата се одржа во периодот од 25.5.2022 (среда) до 27.5.2022 (петок) во МОШ Бар (MOSH), а беше во организација на Јован Андоновски, заменик-народен правобранител и МОШ (MOSH Bar) во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Украина во Скопје.

„Емотивната побуда за оваа акција е да им се помогне на оние кои останаа без своите домови, спомени, животи, а рационалната со слични примери да се разбуди свеста кај индивидуалците со вакви чекори и акции да бидат директен фактор за позитивна промена на колективната свест. Малку треба да ја разбудиме човечноста во сите нас, со мал чекор можеме да направиме голема промена, затоа сакам од срце да им изразам благодарност на сите кои беа дел од оваа акција“, изјави иницијаторот на „Денови на хуманост“, Јован Андоновски, заменик-народен правобранител.

На прес-конференцијата присуствуваа и Роман Буга, заменик-амбасадор на Украина во Скопје, и Олександар Урбановиќ од Здружението на Украинците во С Македонија.

„Велите дека сте мала земја, но ние секојпат одговараме дека имате големи срца и токму оваа ситуација покажува дека вистинските пријатели се гледаат во тешки времиња и јас се надевам дека оваа акција како дел од целосната поддршка на Украинците сместени во Северна Македонија ќе биде продолжена“, рече Буга и уште еднаш се заблагодари за огромната поддршка.

Олександар Урбановиќ од Здружението на Украинците во С Македонија истакна дека од самиот почеток на војната во Украина, заедно со Амбасадата на Украина во Скопје, успеале да испратат 14 камиони со хуманитарна помош.

„Со овој настан ќе помогнеме на одреден дел од луѓето што се тука во Македонија, можеби нешто ќе се прати и за Украина и со тоа ние ќе имаме можност да им помагаме на оние кои секојдневно се под стрес од оваа војна. Ви благодарам, војната уште трае и уште ни треба вашата помош секој кој може да помогне да го стори тоа, магацинот на Горска во Ѓорче Петров е отворен секојдневно и помош може да се донесе во кое било време“, вели Олександар Урбановиќ од Здружението на Украинците во С Македонија.

На пунктот за донации отворен во МОШ (Центар), во изминатите три дена беа собрани детска и облека за возрасни, храна и сл., а во склоп на хуманитарната забава, одржана во петокот, беа собрани и парични средства. Целиот фонд ѝ е доделен на Амбасадата на Украина во Скопје, што потоа ќе биде распределен на бегалците кои се наоѓаат на македонска територија.

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот проруско ориентиран...

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка...

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој, најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме...

Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“

Со скромна церемонија, oпштина Чаир денескa во Паркот „Украина“ го организираше поставувањето на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и повик за...

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот...