Досега се сослушани 48 лица во врска со трагедијата во Нови Сад, градежниот шут е пренесен на безбеднo

Наредено е и потребното вештачење за утврдување на причината за уривањето на настрешницата, пропустите кои доведоа кон него, како и одговорностите на лицата, наведуваат од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад

-

Во претходните три дена се сослушани вкупно 48 лица во врска со уривањето на настрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, кое наложило денеска да се сослушаат уште пет лица.

Обвинителството наведува дека по повод трагичниот настан што се случи на 1 ноември го искористило максималниот капацитет за спроведување истражни дејствија со ангажирање на пет јавни обвинители и двајца помошници јавни обвинители.

„Претходните три дена беа сослушани вкупно 48 лица, додека наредено е денеска да бидат сослушани уште пет лица. Во истиот период од повеќе различни институции, правни и физички лица е одземена соодветна документација, чија детална анализа е во тек, а наредено е и потребното вештачење за утврдување на причината за уривањето на настрешницата, пропустите кои доведоа кон него, како и одговорностите на лицата“, наведуваат од обвинителството, а пренесуваат српските медиуми.

Од Вишото јавно обвинителство соопштиле дека по спроведената истрага, местото е расчистено, а со оглед на тоа дека се работи за јавна површина, а за обезбедување докази, градежните остатоци од урнатата настрешница, по барање на јавен обвинител, се преместени на локација која е под континуиран надзор на службените лица на Полициската управа во Нови Сад.

Пристапот до таа локација е забранет, освен со претходно одобрение на обвинителството, а исклучиво за ангажирани вештаци, заради увид, земање мостри и анализа на градежни остатоци и материјали.

Од Обвинителството потенцираат дека трагичниот настан од 1 ноември има апсолутен приоритет и дека продолжува натамошната интензивна работа со цел утврдување на сите суштински елементи на кривичните дела и кривичната одговорност за што јавноста ќе биде навремено информирана.

Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во...

Израелски воздушни напади врз Сирија, Израел негира дека тенковите одат кон Дамаск

Израелски воени авиони наводно извршиле стотици воздушни напади низ Сирија, вклучително и врз главниот град Дамаск. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека документирала повеќе од 310...

Најнови гејминг вести : Излегоа Path of Exile 2 и Marvel Rivals, во Tekken 8 се враќа познат карактер

Изминатата недела пристигнаа двете популарни и долгоочекувани игри „Path of Exile 2“ и „Marvel Rivals“, a во Tekken 8 се враќа познатиот карактер „Ана Вилијамс“. https://www.youtube.com/watch?v=AOVg2aLjIiU Path of Exile 2 по долго време...

Дамјан Сорел е нов шеф на Регионалниот центар за Западен Балкан на Европската инвестициска банка

Европската инвестициска банка (ЕИБ Глобал) го именува Дамјан Сорел за шеф на Регионалниот центар за Западен Балкан, соопшти преставништвото на банката во С. Македонија. Како што велат оттаму, Сорел ја презеде...

Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за...