fbpx

Досега попишани над 510.000 лица во земјава, техничките проблеми се надминати

-

Во земјава досега се попишани 512.457 граѓани, 158.519 домаќинства и 212.464 станови, заклучно со вчера до 20 часот. Владиниот портпаролот Душко Арсовски и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, на денешната прес-конференција информираа за тековните активности поврзани со Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година.

Тој посочи дека Владата очекува пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да се завршат до 30 септември.

Директорот на ДЗС Симовски истакна дека пописот се одвива со посакуваниот интензитет, без никакви застои и без никакви проблеми. Тој информираше дека на вчерашниот ден од пописот се попишани 93.235 лица, 29.491 домаќинство и 40.155 станови.

Симовски нагласи дека станува збор за одлични резултати, ако се има предвид дека вчерашниот ден беше работен за разлика од деновите од викенд кога очекувано тие бројки се уште повисоки.

Тој додаде дека со ова темпо пописот успешно ќе се спроведе во предвидениот рок до 30 септември.

Директорот Симовски истакна дeка мали технички предизвици кои постоеле на почетокот на спроведување на оваа статистичка операција, се надминати и дека веќе неколку дена се спроведува попишувањето без никакви проблеми со исклучително задоволувачки интензитет.

Одговарајќи на новинарски прашања директорот на ДЗС Симовски нагласи дека бројот на одбивања за попишување на лицата е исклучително мал и незначителен, и покрај негативната кампања која ја имаше и ја има цело време насочена кон тоа да се попречи спроведувањето на пописот.

„Граѓаните не наседнуваат на оваа пропаганда и самите податоци го кажуваат тоа, нема потреба да бараме било какви други начини да кажеме дека граѓаните навистина активно се вклучуваат. Самите податоци за попишани лица мислам дека кажуваат сè“, посочи Симовски.

Тој наведе дека и таму каде што има првично одбивање се оди повторно и се разговара со тие лица.

„Оди нашиот државен инструктор, оди пописната комисија и до сега праксата покажува дека луѓето ја сфаќаат важноста и релевантноста на процесот и на крајот се попишуваат. Не применуваме никакви санкции сè уште и се надеваме дека тоа нема да се случи до крајот на попишувањето, односно ќе успееме овие луѓе да ги убедиме дека онаа пропаганда којашто е насочена против спроведувањето на пописот во суштина е систем на дезинформации“, нагласи Симовски.

Во однос на попишувањето на домаќинствата, директорот Симовски истакна дека не може да очекува дека секогаш сите членови ќе бидат дома, меѓутоа попишување без документ не може да има, односно клучот за некое лице да биде попишано е матичниот број.

Тој посочи дека без документ никој не може да биде попишан, а таму каде што недостасува некој член од домаќинството, се договара терминот кога лицето ќе биде присутно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...