fbpx

Досега 991 дете го загубило животот или било повредено во војната во Украина

-

Од почетокот на руската агресија врз Украина до утрово, убиени се 346 деца, а повеќе од 645 биле повредени, соопшти Главниот јавен обвинител на Украина на својот канал на „Телеграм“, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

Овие бројки не се конечни ниту за денешниот ден, оти уште се вршат истраги во зоните на воените дејствија и во зоните што се вратени под украинска контрола.

Од најновите случаи на загинати или повредени деца, четиригодишно девојче било рането во неделата при гранатирањето на Бахмут, во регионот Донецк, од страна на руските вооружени сили, и подоцна починало. Вчера двегодишно момче било повредено во руското гранатирање на Печенихи, во регионот Харкив.

Постојаниот претставник на Украина во меѓународните организации во Виена, вчера на специјален состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ за руските ракетни напади врз Украина, порача дека украинските партнери треба да ѝ достават дополнително тешко вооружување, оти „руското оружје може да се сопре само со помоќни оружја, како што се покажа на Змискиот Остров“.

Воената ситуација претпладнево според Генералштабот на украинските вооружени сили е како во изминатите денови, со артилериски и ракетни напади од страна на руските сили долж линијата на фронтот, освен на неколку места во регионот Харкив, каде се обидуваат да го сопрат напредувањето на украинските вооружени сили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...