fbpx

Донирање храна за бездомници денеска на пет пункта во Скопје

-

На пет локации во Скопје, во 10 часот денеска почна голема хуманитарна акција „Нахрани 1.000“, во која се собира храна за бездомни лица. По повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата – 17 Октомври, акцијата ја организираат граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“, Црвен крст на Град Скопје, организацијата „Ајде Македонија“, Здружението на граѓани за помош на бездомници и загрозени семејства „Љубезност“, Сојуз на извидници на Република Македонија и организацијата АДРА.

Штандовите на кои ќе може да се донира храна за бездомници и за сите загрозени семејства на кои храната им е најпотребна, се поставени на Плоштад Македонија, пред „Сити мол“ кај „Плеј кафе“, во Аеродром пред „Веро“, пред Дом на градежници и во Ѓорче Петров пред „Тинекс“.

Организаторите замолуваат на пунктовите да се носат нерасипливи продукти, како ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа во ќесичка, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на сиромаштијата, организацијата „Ајде Македонија“, чија главна цел е решавањето на проблемот со отпадот од храна, утре во социјалниот центар „Дуња“, на улица Рајко Жинзифов бр. 22 во Скопје, со почеток во 17 часот, ќе одржи настан за информирање и за ангажирање на сите потенцијални волонтери и заинтересирани граѓански организации, кои сакаат да се вклучат во активностите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...