Доналд Трамп прогласен за личност на годината на Тајм

Трамп првпат беше прогласен за личност на годината во 2016 година по победата на изборите за претседател во САД

-

Магазинот „Тајм“ (Time Magazine) го прогласи Доналд Трамп за личност на годината по втор пат, пренесува Би-Би-Си.

„За враќање од историски размери, за водење политика која се случува еднаш во многу години, за преобликување на американското претседателство и промена на улогата на Америка како земја во светот, Доналд Трамп е Личност на годината за 2024 година според Тајм“, изјави главниот уредник Сем Џејкобс во писмо до читателите.

Трамп првпат беше прогласен за личност на годината по победата на претседателкските избори во 2016 година.

Традицијата на списанието – која e започната во 1927 година да прогласува „Човек на годината“ – е всушност признание за личност или движење кое „за добро или за зло…“ направило најмногу за да влијае на настаните во текот на годината.

Други претходни добитници се активистката за климатски промени Грета Тунберг, поранешниот претседател Барак Обама, извршниот директор на МЕТА Марк Закерберг, Папата Франциско и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Конечната одлука за тоа кој ќе го добие признанието ја носат уредниците на Магазинот Тајм.

Магазинот избирал меѓуд 10 кандидати за годинешната Личност на годината, вклучувајќи ја потпретседателката Камала Харис, принцезата од Велс и извршниот директор на Тесла, Илон Маск, кој сега е близок соработник на Трамп.

Во описот на Трамп за листата на финалисти, Тајм соопшти дека тој победил во 2024 година со „неверојатно политичко и историско враќање“.

Неговата победа во 2024 година е историска на повеќе начини: тој ќе биде најстар претседател во историјата на САД, беше осуден оваа година во Њујорк за 34 дела како што се измама, што го прави првиот осуден криминалец избран за претседател, пишува Тајм

Трамп даде интервју за магазинот во април оваа година за време на претседателската кампања. Во широките дискусии, Трамп зборуваше за своите планови за втор мандат, вклучувајќи ги своите цели за реформирање на системот за имиграција во САД и депортирање на милиони луѓе.

Трамп се пожали во 2015 година кога не беше ставен на насловната страница на списанието за време на неговиот прв обид за избор за претседател, кога признанието ѝ беше доделено на поранешната канцеларка на Германија, Ангела Меркел.

Но, откако беше прогласен за Личност на годината по победата на изборите во 2016 година, тој го нарече тоа „голема чест“.

ИзворБи-Би-Си

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...