fbpx

Доналд Трамп најави создавање на своја социјална мрежа

-

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги најави своите планови за отворање нова социјална мрежа наречена „Вистина“ (TRUTH Social), јавуваат светските новински агенции.

Трамп вели дека платформата „ќе се спротивстави на тиранијата на големата технологија“, обвинувајќи ги главните социјални мрежи дека ги замолчуваат опозициските гласови во САД, пишува „Би-би-си“.

Социјалните мрежи одиграа клучна улога во кандидатурата на Трамп за прв човек во Белата куќа и беа неговото омилено средство за комуникација како претседател. Подоцна му беше забранет присап до Твитер и беше суспендиран од Фејсбук откако неговите поддржувачи упаднаа во американскиот „Капитол“.

Социјалните мрежи беа под притисок за време на неговото претседателствување, а неговите објави на платформите беа опишувани како навредливи, потпалувачки и невистинити. Твитер и Фејсбук минатата година започнаа со бришење на дел од неговите објави или пак ги етикетираа како „лажни“.

Рана верзија на платформата „Вистина“ ќе биде отворена само за поканети корисници веќе следниот месец, додека „претставување на национално ниво“ ќе има во првите три месеци од 2022 година, се вели во соопштението на „Trump Media & Technology Group“, новата компанија на Доналд Трамп.

„Д Врџ“ (The Verge) пишува дека според презентацијата на компанијата, амбициите на новата фирма на Трамп нема да завршат со социјалната мрежа „Вистина“, која е замислена како клон на Твитер, туку дека има за цел да стане конгломерат кој ќе управува со новинска агенција што ќе може да се натпреварува со „Си-ен-ен“, па дури и со стриминг платформите како „Нетфликс“ и „Дизни +“.

Во меѓувреме корисниците на социјалните мрежи веќе со потсмев ја коментираат најавената платформа. И покрај тоа што истата е промовирана како место каде „сите се добредојдени“, во условите за користење е наведено дека на корисниците им е забрането да ја омаловажуваат социјалната мрежа и дека не смеат да пишуваат постови со премногу големи букви.

Новинарите и критичарите коментираат дека најавената социјална мрежа може да стане место конзервативците, споредувајќи ја со „Gettr“ и „Parler“, платформи кои беа создадени откако на Тамп му беше забранет пристап до главните социјални мрежи, но кои не постигнаа особен успех досега.

На прашањето зошто Донал Трамп би создал своја социјална мрежа, „Д Врџ“ одговара:

„Затоа што му недостига да биде на Твитер. Ако сака повторно да се кандидира за претседател во 2024 година, ќе му треба социјална платформа која не е само обичен блог. И додека десничарските социјални мрежи пропаднаа како платофрми, тие успеаја да го привлечат вниманието на јавноста. Што и да се случи со новиот проект, тој ќе му даде одличен изговор на Трамп да се жали на Фејсбук за време на митинзите“.

Трамп ја задржа силната контрола над Републиканската партија во САД и навести дека повторно ќе се кандидира за претседател, без да даде официјално соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...