Доналд Трамп ја обвини Украина за војната со Русија – Зеленски можел да постигне договор

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговори на забелешките дека Украина била изземена од преговорите меѓу САД и Русија за војната на украинска територија, тврдејќи дека можеле да постигнат договор „без да изгубат многу територија“

-

Претседателот на САД Доналд Трамп го критикуваше Володимир Зеленски, посочувајќи дека бил „разочаран“ од забелешките на украинскиот претседател дека бил изземен од преговорите меѓу САД и Русија за крај на војната во Украина, објави Гардијан.

Трамп, исто така, се чини дека го обвинува Киев за руската инвазија истовремено говорејќи оти е поуверен дека е можен договор за крај на војната по првичните преговори меѓу САД и Русија во Саудиска Арабија.

„Многу сум разочаран, слушнав дека се вознемирени бидејќи не се на масата“, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање за време на  прес-конференција во неговиот ресорт во Мар-а-лаго на Флорида. Според американскиот претседател, многу послаб преговарач би можел да обезбеди договор години наназад „без да се изгуби многу територија“.

„Денеска чув ‘ах, добро, ние не бевме поканети’. Епа, вие бевте таму три години … Требаше да не почнувате. Можевте да постигнете договор“, рече Трамп.

Тој го зголеми притисокот врз Зеленски да одржи избори во Украина, што е едно од главните барања на Москва.

Претседателот на САД исто така најави оти би можел да се сретне со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин пред крајот на февруари. Се чини дека Вашингтон целосно го менува ставот кон Русија во потег што ги алармираше европските лидери.

Претходно Зеленски ги критикуваше преговорите меѓу САД и Русија од кои е изземен Киев, велејќи оти напорите за крај на војната мора да бидат фер и да ги вклучуваат европските земји. Тој го одложи билатералното патување во Саудиска Арабија каде се водеа преговорите.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...